Годишно Собрание на Акционери
Врз основа на чл. 384 од Законот за трговски друштва и чл. 32 и 33 од Статутот, и врз основа на Одлуката на Управниот Одбор бр. 02-617/4 од 16.03.2012г., Управниот одбор на ЖИТО ЛУКС АД Скопје објавува
Ј А В Е Н П О В И К
За свикување на Годишно Собрание на Акционери
на ЖИТО ЛУКС АД Скопје
Седницата ќе се одржи на ден 10 Април 2012г. во 14:00 часот, во просториите на Друштвото, на бул.”Македонско Косовска Бригада” бр. 44, Скопје, со следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Процедурален дел:
1. Избор на бројач на гласови
2. Избор на претседавач на Собранието
3. Усвојување на дневен ред
4. Избор на членови на Kомисија за тајно гласање ( за реализација на точка 8 од Работниот дел)
Работен дел:
1. Разгледување и усвојување на годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај за работењето на Друштвото за 2011г.
2. Донесување на одлука за распределба на добивката
3. Разгледување и усвојување на ревизорскиот извештај за 2011г.
4. Донесување на одлука за избор на овластена ревизорска куќа за 2012г.
5. Разгледување и усвојување на годишниот извештај на Службата за внатрешна ревизија за 2011 г.
6. Одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор за 2011г.
7. Одобрување на работата на членовите на Управниот одбор за 2011г.
8. Отоповикување и избор на членови на Надзорен одбор.
Акционери кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки, ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка, односно да поставуваат прашања за точките од дневниот ред на седницата на собранието по писмен пат, до Управниот одбор на Друштвото во рок од 8 дена сметано од денот на објавување на Јавниот повик.
На седницата на Собранието може да учествува секој акционер лично или да определи лице кое ќе го застапува на Собранието со полномошно заверено кај нотар. Секој акционер-застапник е должен своето присуство да го најави најдоцна до пред почетокот на седницата на Собранието.
Секој акционер може да изврши увид во материјалите што се на дневен ред на Собранието во седиштето на Друштвото, на бул.”Македонско Косовска Бригада” бр. 44, Скопје, секој работен ден од 14.00-16.00 часот, како и на веб страната на Друштвото – www.zitoluks.com.mk.